12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНовите домови во САД во декември се на најниско ниво во последните...

Новите домови во САД во декември се на најниско ниво во последните 2 години

Пазарот на недвижности во САД достигна најниско ни ниво по повеќе од две години во декември, бидејќи изградбата домови како на едно семејство, така и на домување на мулти-семејства е намалено. Ова е уште една индикација дека економијата на земјата изгубила интензитет во четвртиот квартал, соопштува „Ројтерс“.

Други податоци од извештајот на Министерството за трговија покажуваат дека станбениот пазар може да остане слаб за некое време покрај намалувањето на каматите на хипотекарните кредити. Бројот на завршените станови е намален до повеќе од едногодишното дно во декември и иако градежните дозволи се зголемија, тие биле поттикнати од нестабилниот сегмент на домоувањето на мулти-семејства.

Новозапочнатите домови се намалиле за 11,2% до сезонски прилагодената годишна стапка од 1,078 милиони единици во декември, што е најниско ниво од септември 2016-та година. Податоците за ноември беа ревидирани кон намалување до годишна стапка од 1,214 милиони единици наспроти објавените претходно 1.256 милиони единици.

Издадените градежни дозволи регистрираа минимален раст од 0,3% до 1,36 милиони единици во декември.

Анкетираните економисти од страна на „Ројтерс“ очекуваа новозапочнатите домови да се намалени до годишна стапка од 1.250 милиони единици во минатиот месец.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП