3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ: План за вработување на младите

ЕУ: План за вработување на младите

Belgium EU Nobel Peace Prize

Европскиот план за вработување на младите, кој минатата недела беше претставен во Брисел може да биде од корист за земјите кои се најпогодени од кризата.

Меѓутоа, секоја земја на ЕУ треба да го олесни периодот меѓу студирањето и вработувањето, оценуваат експертите.

Во 13 земји од еврозоната невработеноста кај младите под 25 години надминува 25 проценти. „Европската иницијатива за економски раст и вработување“ предвидува да се издвојат шест милијарди евра за две години, со цел да се подобрат фондовите во економскиот сектор.

Претставникот на Организацијата за соработка и економски развој (ОЕЦД) Стин Бреке оцени дека иницијативата е „добра бидејќи овозможува да стане оперативна иницијатива – Гаранција за младите“, која веќе е одобрена во ЕУ.

„Гаранција за младите“ им предложува на младите професија или работа во секоја земја од ЕУ, четири месеци по завршувањето на студиите или загубата на работното место.

Бреке смета дека планот ќе помогне во размената на младите експерти помеѓу земјите во ЕУ, со која заедно оди и изучувањето на јазикот. Тој план веќе го одобри Германија.

Планот ќе овозможи размена на млади лица од југот кој северниот дел од ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП