20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМеј официјално ќе гарантира дека не може да има Брегзит без договор

Меј официјално ќе гарантира дека не може да има Брегзит без договор

Британскиот премиер Тереза ​​Меј ќе предложи официјално да се осигура дека нема да дојде до излегување на Велика Британија од Европската унија без договор во обид да го избегне незадоволството на своите пратеници, кои се закануваат да ја преземат контролата врз процесот. Ова е објавено од британскиот весник „Сан“, цитиран од „Ројтерс“.

Ова може да се покаже како последна шанса на премиерот за постигнување на какви и да било промени во договорот за разделба. Во среда во британскиот Парламент претстојат серија гласања, преку кои движењето на процесот ќе премине во рацете на законодавниот дом.

Откако парламентот го отфрли со 432 наспроти 202 гласа за договорот на Меј со ЕУ во јануари, премиерот презеде низа потези во обид за изнаоѓање на консензус, вклучувајќи со заканата од „Брегзит“ без договор.

Тоа сепак не даде резултат и премиерот планира денес да направи предлог пред својот кабинет официјално да биде исклучена можноста од напуштање на Унијата без договор.

Ова, за возврат ќе ги отвори вратите кон евентуалното одложување на самиот „Брегзит“ со недели, па дури и месеци, објави уште „Сан“.

Во исто време извори на „Bloomberg“ велат дека премиерот има и конкретни планови за доцнењето на „Брегзит“. Се очекува денес за време на средбата на кабинетот да биде разгледана можноста за продолжување на рокот за излегување по 29-ти март, а подоцна во текот на денот ќе биде направено официјално соопштение со заклучоците на Владата.

Сепак Меј ќе се обиде да постигне договор навреме, но ако сепак тоа не се покаже можно, ќе биде потребно одложување.

Можноста за обезбедување на „Брегзит“ без договор и одложување на датумот за напуштање дадоа поттик на британската фунта, при што сега се тргува по цена од 1,3145 долари за фунта, достигнувајќи четиринеделен максимум.

Одложувањето на „Брегзит“ е ризичен политички потег. Од една страна тоа ќе помогне да се избегнат оставки на клучните министри во владата, но исто така ризикува да ги налути евроскептичните конзервативци.

Не е исклучено да се дојде и до ново гласање за недоверба на владата, што за возврат ќе ја зајакне политичката несигурност во клучниот момент за земјата.

Ова ќе е и голем удар за имиџот на самиот премиер, кој во последните две години категорично отфрлаше можноста за одложување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП