26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го претстави „надуениот“ T-Roc (фото+видео)

Volkswagen го претстави „надуениот“ T-Roc (фото+видео)

Германската компанија „Volkswagen“ одлучи да не го чека саемот во Женева и да ја претстави „надуената“ верзија на својот компактен кросовер „T-Roc“.

Моделот го доби додатокот „R“ и се потпира на 2.0-литарски бензински агрегат со турбополнач со моќност од 300 КС и 400 Nm вртежен момент.

Моторот работи во комбинација со автоматски 7-брзински менувач и погонот на четири тркала „4Motion“. Според официјалните информации, кросоверот забрзува од 0 до 100 km/h за 4,9 секунди, додека максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h.

Оваа верзија на „T-Roc“ доби подобрена аеродинамика, нова решетка на ладилникот и заден спојлер и дифузер. Серијата „R“ е опремена со модернизиран издувен систем, повторно подесено управување, изменети подесувања за суспензијата и специјални 19-инчни тркала.

Засега од компанијата не ги открива цените на моделот и кога ќе се појави на различни пазари.  Но ова се очекува да се случи на 5-ти март, кога ќе се одржи и официјалната премиера на кросоверот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП