10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБафет: Богатите Американци не плаќаат доволно даноци

Бафет: Богатите Американци не плаќаат доволно даноци

Инвеститорот Ворен Бафет изјави дека тој и останатите богати луѓе во САД не плаќаат доволно даноци.

„Богатите дефинитивно плаќаат помалку даноци во споредба со останатото население“, рече Бафет во гостувањето на „Squawk Box“ на „CNBC“. „Богатите ќе стануваат побогати. Прашањето е како се грижиме за човек кој е прекрасен државјанин, чиј татко загинал во Нормандија, но едноставно нема пазарни вештини? Мислам дека данокот на доход е најдобар начин за да се справите со овој проблем“, истакна инвеститорот.

„Тоа можеби значи повеќе даноци за луѓе како мене и јас немам проблем со оваа перспектива“, додаде тој.

Изјавата на Бафет беше направен во момент кога некои конгресмени во САД се залагаат за повисоки даноци за богатите. Конгресменот од Демократската партија Александрија Окасио-Кортез од Њујорк предложи неодамна гранична даночна стапка од 70% на приходите од над десет милиони долари за да се намали растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Коосновачот на „Microsoft“, Бил Гејтс, кој е близок пријател на Бафет, изјави претходно овој месец дека ги поддржува прогресивни даноци за богатите, но истакна дека во плановите на Окасио-Кортез има суштински пропуст.

„Овие луѓе имаат приходи кои се само во вредноста на нивните акции, но ако не ги продадат, тие нема да се појават како приходи, а ако сепак се случи, ќе завршат во графата „капитални добивки““, истакна „Гејтс“.

Елизабет Ворен и Берни Сандерс, кои ќе се борат за номинацијата на Демократската партија за претседателските избори, исто така, нудат повисоки даноци за богатите. Данокот за „ултримилионерите“ на Ворен ќе се однесува за луѓе со средства од над 50 милиони долари и се очекува да донесе во буџетот 2,75 илјади милијарди долари за десет години, проценуваат од нејзината екипа. Во исто време Сандерс предлага да се зголемат даноците на имот за богатите наследници.

Бафет упати коментари откако неговата десна рака Чарли Мунгер изјави за „CNBC“ претходно дека држави, како Калифорнија и Конектикат се „глупави“ да ги избркаат богатите луѓе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП