6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска ќе поднесе молба за членство во „чекалната“ на еврозоната до јули

Хрватска ќе поднесе молба за членство во „чекалната“ на еврозоната до јули

Хрватска ќе испрати писмо со официјалната молба за пристапување кон „ERM II“ – т. н. „чекалница“ на еврозоната, најдоцна до јули. Ова го изјави гевурнерот на Хрватската централна банка Борис Вујичиќ, цитиран од „Bloomberg“.

Ова ќе им овозможи на оваа балканска држава да стане дел од механизмот на девизните курсеви во 2020-та година, рече уште Вујичиќ во изјавата од Загреб.

Тоа е приближно една година подоцна од очекуваниот краен рок за Бугарија, која се надева на влез во „ERM II“ и банкарската унија до средината на 2019-та година. Романија од своја страна се надева да се приклучи на механизмот во 2024-та година.

Земјите кандидатки за пристапување кон еврозоната обично остануваат дел од механизмот, кој го ограничува движењето на девизните курсеви во однос на еврото, во текот на две години. Ако земјите одговорат на потребните критериуми, следуваше усвојување на еврото на крајот на периодот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП