27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНВО од Северна Македонија и Косово во промоција на женски бизниси

НВО од Северна Македонија и Косово во промоција на женски бизниси

Центар за обука на занаетчии во високото стручно училиште „Перо Наков” во Куманово и прекуграничен „Занаетчиски саем” ќе бидат промовиран и денеска во Куманово во присуство на занаетчии, женски бизниси од Куманово и Гњиланскиот регион.

Настанот е во организација на НВО Националниот совет за родова еднаквост од Северна Македонија и НВО Отворена врата од Косово, а овие две организации го спроведуваат проектот „Вмрежување за успех” финансиран од ЕУ и управуван од Канцеларијата на Унијата во Косово преку Програмата за прекугранична соработка Косово , Република Северна Македонија 2014-2020 година.

Центарот за обука, се состои од кујнски објект и занаетчиски објекти, има за цел да обезбеди професионална обука и вештини за работа на студентите и младите.

Додека целта на овој прекуграничен саем е да ја промовира уметноста, занаетчиството и културно наследство, како и промоција и вмрежување на овие засегнати страни во голема мера. На овој прекуграничен саем во Куманово учествуваат околу 45 учесници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП