7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКарни: Brexit без договор е најризично сценарио за финансиската стабилност

Карни: Brexit без договор е најризично сценарио за финансиската стабилност

Гувернерот на Англиската централна банка Марк Карни изјави дека можноста Британија да ја напушти Европската унија следниот месец без договор за преоден период е најризично сценарио за стабилноста на секторот за финансиски услуги, соопштува „Ројтерс“.

„Најголемиот проблем од гледна точка на финансиската стабилност, од гледна точка на континуитетот, е сценарио без договор до крајот на март“, рече Карни.

„Brexit“ е планиран за 29-ти март, а законодавците во Лондон се уште не го одобриле договорот што треба да го направи мирно повлекувањето на Велика Британија од ЕУ, оставајќи ја отворена можноста за хаос или одложување.

Гувернерот на „АЦБ“ изјави дека се преземаат сите неопходни чекори за да се обезбеди дека трансатлантската трговија со деривати ќе продолжи непречено и по „Brexit“.

„Мерките кои ги донесуваме ќе гарантираат дека пазарите на деривати ќе останат отворени и ќе ги одржуваат високите регулаторни стандарди и по „Brexit““, додаде Марк Карни.

Во септември минатата година Марк Карни се согласи да остане на чело на Англиската централна банка за уште седум месеци, продолжување мандатот по втор пат, за да помогне за управувањето на британската економија во услови на „Brexit“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП