15 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИТ инженерите да ги реализираат сопствените идеи, место да бидат подизведувачи за...

ИТ инженерите да ги реализираат сопствените идеи, место да бидат подизведувачи за други фирми

Место да работат како подизведувачи во други фирми или да бараат вработување во некоја компанија, младите ИТ инженери да ги реализираат своите идеи и да креираат сопствени производи, порачува ЕЕСТЕК Здружението на студенти по електротехника.

Здружението денеска на прес-конференција во Стопанската комора на Македонија го најави натпреварот „Code app, level up“ чија цел е токму претпримеништвото. Натпреварот ќе се одржува од 15 до 21 април годинава, а рокот за пријавување на учесниците е 25 март.

-Претприемништвото е она кон кое младите веќе треба да се вртат. На техничкиот кампус годишно завршуваат по 300 студенти, а според податоците на МАСИТ, во текот на годината се регистрираат над 400 ИТ компании. Тоа значи дека перманентно имаме недостиг на кадар, а и оној што е на располагање, во големот дел од случаите, за жал, работи аутсорсинг или подизведувач за други фрими, истакна претседателот на Здружението Илија Лалковски.

Според него, македонските страт-апи треба да знаат дека мора да се насочат кон создавање сопствени продукти. Само така можеме да градиме додадена вредност.

-Информатичките науки се одлична шанса за младите. Дефинитвно ИТ е една од најбрзорастечките индустрии во земјава, а платите се секогаш компетитивни и се зголемуваат. Стануваме еден од старт-ап центрите во Европа, но тоа мора да се развива и надградува, дополни Стефан Митески, член на ЕЕСТЕК.

„Code app, level up“ ќе биде проследен со работилници и предавања, а тимот на ментори, потенцира Митески, е врвен. Најавено е учество и на странски предавачи кои всушност ќе бидат обучувачи за оние со првични бизнис-идеи. Засега се заинтересирани над десетици тимови, но само осум ќе може да се пријават.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП