19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќето економисти гледаат рецесија во САД до 2021-ва

Повеќето економисти гледаат рецесија во САД до 2021-ва

Над три четвртини од економистите во новото истражување очекуваат САД да влезе во рецесија до крајот на 2021-ва година, иако мнозинството се уште смета дека Федералните резерви ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во оваа година, соопшти „Bloomberg“.

Десет проценти од интервјуираните економисти посочуваат дека рецесијата ќе почне уште оваа година, за 42% тоа ќе се случи следната година, додека 25% очекуваат намалувањето на економијата да почне во 2021-ва година, покажуваат податоците од истражувањето на американската Национална асоцијација за бизнис економија, објавено денеска.

Другите економисти предвидуваат инфлација по 2021-ва година или не дадоа мислење. Истражувањето беше спроведено помеѓу 30-ти јануари и 8-ми февруари меѓу 300 економисти.

Оваа недела претстои да бидат објавени прелиминарните податоци за БДП-то на САД во четвртиот квартал од 2018-та година, чие излегување беше одложено поради привремениот прекин во работата на американската влада. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, прогнозираа во петокот дека растот ќе се намали до 2,5% на годишна основа во последните месеци од минатата година во однос на објавените 3,4% во третиот квартал.

Економистите во студијата се со поделени ставови во врска со ефектите од процесот на нормализација на балансот на Федералните резерви, како и во однос на очекувањата за зголемување на каматите во краток рок. Една петтина од анкетираните сметаат дека ќе има зголемување за 25 базични поени, а една петтина велат дека ќе има зголемување за 50 базични поени или повеќе. Другите испитаници наведоа дека не знаат или не можат да дадат мислење.

„Има несогласување помеѓу она што посочуваат економистите во студијата и што мислат пазарите за политиката на ФЕД во однос на каматите и намалувањето на балансот“, коментира Меган Грин, виш економист во „Manulife Asset Management“ и одговорна за истражувањето. Грин објасни уште дека пазарите не очекуваат повеќе зголемувања во 2019-та година, додека повеќето економисти, кои учествувале во студијата, прогнозираат едно или две зголемувања на каматите.

Едвај 11% од испитаниците, пак, сметаат дека следниот потег на ФЕД ќе биде намалување на каматите.

Трговската политика на претседателот Доналд Трамп продолжува да ги загрижува повеќето учесници во студијата. 36% од нив изјавиле дека постоечките царини доколку останат во сила, ќе го намалат растот на БДП-то во 2019-та година со 25 базични поени. Во исто време за 26% од економистите ефектот ќе биде уште поголем и ќе доведе до намалување на БДП-то за 50 базични поени.

Економистите, исто така, очекуваат царинските давачки да ја зголемат инфлацијата во оваа година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП