20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција ја повика Германија да ги ублажи правилата за извоз на оружје

Франција ја повика Германија да ги ублажи правилата за извоз на оружје

Францускиот министер за економија Бруно Ле Мер изјави дека Германија треба да ги олесни строгите правила за извоз на оружје за земјите надвор од ЕУ, за да и помогне на одбранбената индустрија, пренесе „Ројтерс“.

Франција се жали дека заедничките проекти за производство на оружје се одложуваат поради одбивањето на Берлин да дозволи издавање на дозволи за извоз на оружје за Саудиска Арабија, која е важен клиент.

Во ноември Германија одлучи да го одбие издавањето поради убиството на саудискиот новинар Џамал ​​Хашоги во конзулатот во Истанбул. Германската влада официјално не го забрани извршувањето на одобрените договори, но ја повика индустријата да се воздржува од такви достави од тој момент, па во иднина.

„Беспредметно е да се произведува оружје преку подобрената соработка меѓу Германија и Франција, ако не можеме да го извезуваме“, изјави Ле Мер за „Велт ам Зонтаг“. „Ако сакаме да бидеме конкурентни и ефикасни, мораме да бидеме во можност да извезуваме во земји надвор од Европа“, додаде тој.

Францускиот министер за економија истакна дека Франција, исто така, има релативно строги правила за извоз на оружје. „Се надеваме дека ќе можеме да постигнеме договор со Германија за ова витално прашање“, додаде тој.

Германија и Франција работат на заеднички предлог за развивање на принципите за извоз на оружје во земји кои не се членки на ЕУ. Во јануари германскиот канцелар Ангела Меркел рече дека Унијата треба да ја зајакне соработката во областа на одбраната и особено во областа на развојот на системи на оружје, предупредувајќи дека Германија може да наметне компромис со строгите правила за извоз на оружје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП