20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНафтените компании ги зголемуваат инвестициите во штедење на енергија

Нафтените компании ги зголемуваат инвестициите во штедење на енергија

Во минатата недела холандско-британската компанија „Shell“ стана последниот претставник на нафтениот сектор, кој направи сериозна инвестиција во технологијата за складирање на енергија и батерии за електрични возила, откако го објави купувањето на германскиот стартап „Sonnen“.

„Sonnen“ посебно се фокусира на складирање на енергија за домаќинствата, пазар во развој со огромен потенцијал.

Овој тип на складирање сè уште не привлече многу внимание како батериите на електричните возила, но има светла иднина, бидејќи инсталациите на соларен покрив стануваат сè попопуларни во Европа, Австралија и Северна Америка.

А сепак, како што забележува новинарот од „Quartz“, Акшат Рати, авансните трошоци за вакви инсталации се големи – „Tesla Powerwall“, на пример, чини околу 7,800 олари, а во оваа сума не се вклучени трошоците за инсталација, кои се движат од 2.000 до 8.000 долари.

И покрај недостатоците, купувањето на „Shell“ е последниот знак дека големите нафтени играчи се повеќе се свртуваат кон електричната енергија, како дел од нивната трансформација во идниот енергетски пазар.

Францускиот „Total“ постојано ја проширува својата изложеност кон батериите. Во 2016-та година, компанијата го купи „Saft“, лидер во развојот на батерии за различни индустрии, вклучувајќи складирање на енергија, транспорт и телекомуникации.

Во 2018-та година „Total“ купи и уште еден производител на уреди за складирање на енергија – американската „Ionic Materials“, како дел од планот за пренасочување на инвестиции од 160 милиони долари кон технолошки и енергетски стартапи.

„Одлучивме да инвестираме во „Ionic Materials“, за да имаме јасен увид во овој тип технологии кои имаат потенцијал кој најмногу ветува во начините за развивање на нов тип тврди батерии“, посочуваат од француската компанија.

Британскиот енергетски гигант „ВР“, исто така, се потпира на батериите. Минатата година, компанијата објави дека купува удел во „StoreDot“ за 20 милиони долари. Овој стартап е насочен кон развивање на технологија за супер брзо полнење на батериите.

Складирањето на енергијата е несомнено потенцијално силен пазар кој досега беше затворен само од големите трошоци за нејзиниот развој.

Консултантската агенција „Wood Mackenzie“ очекува во 2019-та година глобалниот капацитет за складирање на енергија од батериите да се зголеми до близу 8 гигаватчасови, а лидери во овој поглед ќе бидат САД, по што ќе следат Јужна Кореја и Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП