22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурската централна банка објави профит од повеќе од 10 милијарди долари во...

Турската централна банка објави профит од повеќе од 10 милијарди долари во 2018-та

Турската централна банка објави во саботата дека има остварено нето добивка од речиси 56,3 милијарди турски лири (10,7 милијарди долари) во 2018-та година, соопшти агенцијата „Анадолија“.

На годишна основа, нето добивката на банката се зголеми за повеќе од 200 отсто од 18,4 милијарди турски лири (4,8 милијарди долари) во 2017-та година.

Според извештајот за 2018-та година активата на финансиската институција изнесуваат вкупно 721,5 милијарди лири (137,2 милијарди долари) или со 13,2 проценти повеќе од претходната финансиска година.

Резервите на злато до 31-ви декември 2018-та година достигнаа 488,5 тони, во вредност од 105,9 милијарди лири(20,1 милијарди долари).

На крајот на минатата година, валутниот курс бил 5,26 турски лири за долар, додека на крајот на 2017-та година – 3,80 лири за долар.

Минатиот месец, на вонредната генерална седница, беше одлучено дека банката ќе одвои 6,3 милијарди долари за авансни дивиденди. Генералното собрание, кое обично се одржува во април, беше повикано претходно да обезбеди ликвидност на пазарот.

Минатата недела Турската централна банка соопшти дека турскиот биланс на тековната сметка повторно забележал недостиг, откако во текот на четири последователни месеци беше во плус. Враќањето на дефицитот е знак дека силното заздравување по летната криза во минатото лето може да го изгуби интензитетот.

Тековната сметка на земјата забележа дефицит од 1,44 милијарди долари во декември. Финансискиот јаз, сепак, е малку помал од очекувањата на економистите во анкетата на „Bloomberg“ од 1,5 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП