2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден месец до Брегзит, паника во Британија

Еден месец до Брегзит, паника во Британија

Часовникот неуморно откуцува. Велика Британија секоја минута е се поблиску до 29 март – денот кога треба да престане да биде членка на Европската унија

Велика Британија треба да ја напушти ЕУ на 29 март, но развојот на настаните сугерираат дека може да се случи двегодишно одложување.

Брегзит може да се одложи до 2021 година, според плановите за кои разговараа истакнати официјални претставници на ЕУ во време на растечкото незадоволство од тоа како британската премиерка раководи со преговорите, пишува “Гардиан”, цитирајќи неименувани извори на Унијата.

Според информациите на “Гардиан”, ЕУ ја разгледува можноста за одложување ако Тереза Мај не успее да го “истурка” договорот за Брегзит во британскиот парламент.

Неименувани извори, исто така, велат дека ЕУ нема да понуди кратко продолжување, за да остане во ЕУ неколку недели, туку во период од 21 месец, што според извори на “Гардиан” има смисла бидејќи ќе се вклопи во буџетот на ЕУ и ќе ги олесни работите.

Друг извор вели дека е можно Британија да добие продолжување ако лидерите на таа земја го сакаат тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП