
Во малата сала на Филхармонија денеска ќе биде презентиран Оперативниот план за вработување за 2019 година.


Во малата сала на Филхармонија денеска ќе биде презентиран Оперативниот план за вработување за 2019 година.
Предвидена е и панел-дискусија на која ќе учествуваат владини претставници, претставници на УНДП и бизнис заедницата, како и корисниците на мерките.
Од Владата соопштија дека на настанот ќе се обрати премиерот Зоран Заев, како и постојната претставничка на програмата за развој во земјата од УНДП, Нарине Сахакиан, заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања и коодринација, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска и директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска.