12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија

Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија

Повисоките владини трошоци и помогнаа на Германија да избегне рецесија во четвртиот квартал од 2018-та година, откако извозот не успеа да ја зголеми економијата, објави „Ројтерс“.

Податоците објавени од Сојузниот завод за статистика потврдија дека економијата стагнира во четвртиот квартал по намалувањето во претходниот месец. На подетален преглед, владините трошоци се зголемија за 1,6 отсто на квартал, со што придонесоа за економски раст од 0,3 процентни поени.

Извозот и увозот се зголеми за 0,7% во кварталот во споредба со претходниот, како резултат на што нето-трговијата не придонесе за раст.

Приватната потрошувачка, што е особено важно за економијата во момент кога извозот е ослабен поради трговскиот напон и тешкотиите во автомобилскиот сектор, расте со разочарувачки 0,2%. Придонесот на потрошувачката кон економскиот раст е само 0,1 процентен поен.

Главниот економист на „VP Bank“, Томас Гичелт, рече дека построгите правила за емисија што го попречуваат автомобилскиот сектор имаа влијание врз извозот и приватната потрошувачка.

„Очекуваме ефект на зафаќање во тековниот квартал“, рече тој.

Зависноста на Германија од извозот ја прави особено ранлива на трговските спорови меѓу САД и Кина, САД и Европската унија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП