24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИShell е првата странска компанија со лиценца за тргување со нафта во...

Shell е првата странска компанија со лиценца за тргување со нафта во Кина

Британско-холандскиот концерн „Royal Dutch Shell“ стана првата странска компанија која добила лиценца за трговија со нафтени деривати на домашниот пазар на Кина.

Лиценцата е издадена од Министерството за трговија вчера на „Shell Petroleum Trading“ – сестринска компанија на концернот во источната кинеска провинција Џензјан. Таа има добиено право да купува и продава нафтени продукти за своите клиенти на кинескиот пазар.

Во последниве години, Кина значително ги намали ограничувањата на работењето на земјата за нафтените компании со 100% странски капитал. Издавањето на дозволата на „Shell“ според аналитичари би требало да ја зајакне конкурентноста на кинескиот пазар на мало за нафтени производи.

Кинеската влада ја објави својата намера да го отвори повеќе пазарот за странски компании и инвестиции. Меѓу најновите примери е договорот во Шангај за изградба на фабрика за производство на електричните автомобили „Tesla“, која ќе биде целосно во сопственост на американската компанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП