28 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да добиете работа без работно искуство?

Како да добиете работа без работно искуство?

Факт е дека денес е тешко да најдете работа, но иако работите изгледаат така црни, тоа не мора да биде невозможно. Овие мали трикови ќе ви послужат како компензација за недостатокот на работно искуство…

Утврдете зошто токму вие сте одличен кандидат за одредена позиција

Доколку имате на вид некоја конкретна работа, една од најважните работи која треба да ја направите е да рамзислите за тоа кои се вашите способности, во што сте добри, и на кој начин вашите вештини ве прават одличен кандидат за таа работа.

Волонтирајте

Уште една корисна работа која можете да ја направите за себе е да волонтирате во полето кое ве интересира. Размислите прво за она што би сакале да го направите, а потоа контактирајте го работодавецот. Дури и ако не добивате паричен надомест, не се откажувајте на почетокот ќе биде тешко, но подоцна ќе развиете вештини и ќе научите како се работи таа работа, а со тоа ќе ви бидат обезбедени дополнителни можности – како и можноста да конкурирате за истата позиција на некое друго место.

Обратете внимание на мотивационото писмо

Доколку немате доволно искуство во полето кое ве интересира, со совршено мотивационо писмо можете да го убедите работодавецот да ве повика на разговор за работа. Објаснете на кој начин би можеле да придонесете за фирмата или компанијата, што ви значи таа можност и колку ја цените.

Полирајте ги вештините кои не се во директна врска со работата

Дури и ако немате искуство, работодавецот може да ве повика на разговор ако примети дека сте пријателски настроени, дека може да смета на вас и дека сте професионални. Ваквите особини многу се ценат и на работодавците некогаш повеќе им значат од самото искуство.

Обидете се да се истакнете

Ако сакате работа, дури и ако немате работно искуство, можете да ја добиете доколку по нешто позитивно се разликувате од останатите кандидати. Овде не станува збор за ексцентричниот начин на облекување и слично, туку за нешто што на работодавецот ќе му укаже дека сте мотивирани за работа, подготвени за учење, и полни со ентузијазам.

Бидете реални

Не си поставувајте недостижни цели и не конкурирајте за позициите кои не ви одговараат. Бирајте го она во кое навистина мислите дека можете да се докажете, и да напредувате.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП