29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФранција и Германија имаат заеднички предлог за буџетот на еврозоната

Франција и Германија имаат заеднички предлог за буџетот на еврозоната

Франција и Германија договориле детален предлог за буџетот на еврозоната, кој треба да го охрабри растот, да се зајакне конкурентноста и да ја намали разликата во развојот на одделни земји-членки, покажува германски владин документ, цитиран од агенциите.

Француско-германскиот договор најверојатно ќе го отвори патот за договор меѓу министрите за финансии од еврозоната, кои ќе разговараат за следниот месец создавање на нов, но оспоруван инструмент.

Целта на буџетскиот инструмент на еврозоната е да се промовира конкурентноста и приближување во еврозоната, се наведува во заедничкиот француско-германско предлог според германскиот владин документ, виден од „Ројтерс“.

Новиот инструмент ќе биде отворен и за земјите кои се во валутно-курсниот механизам „ERM-2“ – задолжителната двегодишна „чекална“ на еврозоната.

Како што беше договорено на самитот, инструментот треба да биде дел од буџетот на ЕУ. Тој нема да се базира на кредитирање, се додава во документот.

Тоа значи дека новиот инструмент нема да биде достапен пред 2021-ва година, кога ќе влезе во сила наредниот буџет на ЕУ. Тоа исто така значи дека големината на буџетот ќе се утврди при преговорите за следниот буџет на ЕУ, кои се очекува да започнат кон крајот на годината.

Во предлогот Германија и Франција предлагаат буџетот на еврозоната да ги поддржува националните реформи.

Земјите членки ќе ги претстават на Европската комисија плановите за мерки кои ги предвидуваат. Плановите ќе ги содржат и предвидените реформи, но и предлози за проекти кои ќе бидат поддржани од буџетскиот инструмент.

Европската комисија ќе ги одобри плановите, консултирајќи се со владите и парите ќе се доделуваат во зависност од напредокот во нивната примена, се наведува во предлогот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП