17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБезалкохолните брендови на Прилепска пиварница во нова амбалажа

Безалкохолните брендови на Прилепска пиварница во нова амбалажа

prilepska-pivarnica

Нова модерна стаклена амбалажа е она што ги карактеризира добро познатите брендови на Прилепска пиварница – Пепси, Миринда Портокал, Миринда Лимон, 7 Ап и Газоза.  По ребрендирањето на Златен Даб и претставувањето на новите стаклени амбалажи за пивото, Прилепска Пиварница продолжува со модернизирањето на амбалажите на своите пијалаци.

“Со промената на изгледот најпрвин на пивото, а сега и на безалкохолните пијалаци сакаме да бидеме во чекор со новите трендови и секогаш на нашите потрошувачи да им понудиме квалитетен и модерен производ. Последните неколку години голем акцент ставивме на вложување во нови инвестиции, во креирање на брендови со единствен изглед и врвен квалитет, се со цел на пазарот да понудиме иновативни пијалаци кои потрошувачите често ги  бараат “ – изјави Александар Чатлески бренд менаџер на Прилепска пиварница

Промената на амбалажите на производите на Прилепска пиварница е резултат на најголемата последна инвестиција во нова линија за полнење на пиво и газирани пијалоци во стаклена амбалажа.

“Иновативноста и вложувањето во квалитет е примарно доколку сакаме да креираме препознатлив бренд . Потрошувачите знаат што сакаат, а ние сме тука да им понудиме пијалаци со единствен вкус и квалитет.“ – додаде Чатлески.

pepsi 0.2l

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП