19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Нека не се избрзува со одлуките за нови заеми за банките

ЕЦБ: Нека не се избрзува со одлуките за нови заеми за банките

Претставниците на Европската централна банка ја одредуваат седницата во март како клучна, на која ќе се пресуди дали забавувањето во еврозоната е доволно одржлива, за да наштети на среднорочните перспективи за раст и инфлацијата, што би можело да го оправда новото долгорочно финансирање на банките. Ова станува јасно од протоколот од последниот состанок на ЕЦБ, цитиран од „Bloomberg“.

Банкарите од ЕЦБ се согласија во јануари дека треба да се обрне внимание на изгледите за најликвидни услови во банкарскиот сектор, бидејќи нaближува дaтaтa за стандардното исплaќање нa пocлeдните намерни долгорочни операции за рефинансирањe (TLTRO) нa EЦБ пpeд 2020-та година за околу 700 милијарди евра.

И иако ЕЦБ ја прекине програмата за купување на обврзници во вредност од 2,6 илјади милијарди евра, сега банката подготвува терен за давање на повеќе долгорочни кредити на банките, за да се осигура дека тие ќе продолжат да ја кредитираат економијата дури и за време на забавувањето.

„Иако одлуките во врска со ова не треба да се земаат премногу брзо, техничките анализи потребни за изготвување на различни опции за идните ликвидни операции, треба да се движат брзо“, се наведува во извештајот на ЕЦБ.

Одлуката да се разгледаат подетално за можностите за нови заеми доаѓа во позадината на општото мислење дека ризиците за економските перспективи во еврозоната се зголемија поради зголемената несигурност од глобалните трговски спорови и заканата од хаотичен „Brexit“. Според банкарите од централната банка треба да се видат ажурирани прогнози, за да се разбере подобро сегашната ситуација.

„Беше нагласено дека изгледите ќе бидат разгледани подлабоко од Управниот одбор на неговата седница во почетокот на март“, пишува во извештајот на ЕЦБ.

Во документот, исто така, се истакнува слабата инфлација во позадина на пониските цени на нафтата и внатрешните услуги. Банкарите изразиле загриженост дека тоа може да има влијание врз инфлациските очекувања.

Влошените изгледи за раст во Европа ги зголемија очекувањата меѓу инвеститорите дека зголемувањето на каматните стапки нема да има пред 2020-та година. За време на последната средба претставниците на ЕЦБ истакнале дека промената во пазарните очекувања е во согласност со нивната посветеност да се задржат каматните стапки непроменети барем во текот на летото и во сите случаи толку долго колку што е оправдано од економските перспективи.

Големо прашање е под какви услови ќе се доделат новите заеми, коментира „Ројтерс“.

Според неофицијални информации, ЕЦБ ќе ги додели заемите со променлива стапка, веројатно поврзан со неговата главна стапка за рефинансирање, и со пократок животен век од претходната четиригодишна алатка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП