25 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако најлесно ќе дојдете до шефовската позиција

Како најлесно ќе дојдете до шефовската позиција

Во бројните истражувања за кариерата, односите меѓу надредените и вработените, се појави и едно истражување на тема колку нарцизоидноста помага во напредувањето.

Имено, едно норвешко истражување наведува дека луѓето со изразено нарцизоидно однесување полесно доаѓаат до шефовското место.

Во заклучокот на истражувањето се вели дека таквите лица се полни со самодоверба, тие се динамични, подготвени на тешки одлуки и уверени дека се во право и дека можат да ја извршат секоја задача. Оваа особина во животот се карактеризира како лоша, но во кариерата таа многу може да помогне при напредувањето, а тоа е така поради мотивацијата на нарцизоидната личност да покаже дека е успешна иподготвена да направи се и да издржи се само да за до потврди својот кредибилитет.

Сепак, се вели дека оваа особина иако помага може и да наштети, бидејќи лидерот со вакви карактеристики е лош лидер. Затоа се вели дека нарцизоидноста треба да се искористи во одредени моменти, но не секогаш да се нагласува. Во истражувањето учествувале 2.300 кандидати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП