30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНелегалните мигранти се плашат да побараат азил во Европа

Нелегалните мигранти се плашат да побараат азил во Европа

Мигрантите кои нелегално влегле во ЕУ и се „во транзит“ се плашат да побараат азил во Европа поради репресивните и заплашувачки политики против нив, се вели во еден извештај.

Хуманитарната организација „Доктори без граници“ и белгиската невладина организација ЦИРЕ во извештајот велат дека мигрантите во „транзит“ немаат храброст да побараат азил и заштита во Белгија.

„Нехуманите услови во бегалските кампови на границите на Европа, Даблинската регулатива, репресивните акции на полицијата и кампањите за разубедување кои се водат во Белгија и низ цела Европа, се причина за недовербата на мигрантите во властите, а ова само придонесува кон нивната ранливост“, се вели во извештајот.

Според Даблинската регулатива на ЕУ, азилантите треба да бидат процесирани во првата земја во која ќе пристигнат.

Ова правило значи дека одговорноста за одобрување статус на азил паѓа на земјите на надворешните граници од Европа, односно оние земји преку кои бегалците првично влегуваат во ЕУ.

Во извештајот се додава дека мигрантите се чувствуваат одвоени во Европа и дека актуелната мигрантска политика им ги скратува основните права.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП