среда, 7 декември 2022
ПочетнаЕКОНОМИЈААко брегзит тргне наопаку, тоа ќе биде катастрофално

Ако брегзит тргне наопаку, тоа ќе биде катастрофално

Ако брегзит тргне наопаку, тоа би било катастрофа не само за Британија туку и за цела Европа, вели секретарот за надворешни работи на Британија, Џереми Хант.

За време на прес-конференција со министерот за надворешни работи на Германија, Хаико Мас, Хант повторно побара „мала но значителна промена“ на договорот за брегзит.

„Во текстот е употребен зборот ‘привремена’, кој се однесува на последната опција ситуацијата со Ирска, така што мора да објасниме што поточно тоа значи“, изјави Хант.

Хант вели дека оваа промена за спорната ирска граница би ѝ била од помош на владата на Тереза Меј да го убеди парламентот за поддршка на договорот за повлекување од ЕУ.

Минатиот месец Меј претрпе пораз во парламентотот откако мнозинството гласаше против нејзиниот нацрт-договор, поради страв дека аранжманите околу последната опција за ирската граница ќе ја принудат Британија да ги следи правилата на ЕУ на неопределено време.

Мас вели дека сите земји членки на ЕУ би сакале повлекувањето на Британија да помине мирно и во најдобар ред.

„Се чини дека сите работат напорно за ова да се постигне. Но, се чини и дека не можеме да го пронајдеме вистинскиот пат. А времето е кусо“, вели тој.

„Среќен сум што може да кажам дека дискусиите стануваат поконкретни“, додава Мас.

Британија треба да ја напушти ЕУ на крајот од март, откако се изгласа референдумот во 2016 година на кој гласачите решија да ја напуштат унијата по 40-годишно членство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП