6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНБРМ го објави редовниот извештај за монетарните движења за јануари 2019

НБРМ го објави редовниот извештај за монетарните движења за јануари 2019

По високиот раст во декември минатата година, во јануари, вкупните депозити и кредити се намалија за 0,8% на месечна основа, што е вообичаена сезонска динамика во овој месец од годината.

На годишна основа, остварувањата кај монетарните и кредитните показатели и натаму се солидни. Годишната стапка на раст на вкупните депозити изнесува 10,6% и е резултат на повисоките депозити кај двата сектори, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“ (59,9%). Во првиот месец од годинава, вкупните кредити се зголемија за 7,8%, при што годишниот раст во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства“.

Целосното соопштение за монетарните движења за јануари 2019 можете да го видите на овој линк: http://nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-dst-21022019.nspx

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП