23 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКупување на имот со криптовалути

Купување на имот со криптовалути

Компанијата што ја изгради највисоката зграда во светот, „Burj Khalifa“, објави дека веќе прифаќа дигитални валути за плаќања од своите клиенти.

Од „Emaar Properties“ информираат дека купувањата со недвижнини веќе се можни со користење на двете најпопуларни валути – биткоин и етериум.

Плаќањата ќе бидат возможни благодарение на швајцарскиот дигитален брокер „Bitcoin Suisse“, беше објавено во соопштението за печатот.

„Emaar Properties“ е една од најголемите градежни компании во светот, во моментов има 29.800 имоти во Обединетите Арапски Емирати и 17.500 станбени единици во различни фази на изградба.

Само во 2018-та година, компанијата пушти на пазарот 51.800 домови ширум светот, со приходи од 7 милијарди долари.

„Burj Khalifa“, порано позната како „Burj Dubai“, е највисоката зграда во светот по изградбата во 2010-та година, чија висина изнесува 828 метри.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП