29 март, 2024
ПочетнаКАРИЕРАПоподложни на депресија се жените на високи позиции

Поподложни на депресија се жените на високи позиции

Жените на високите позиции се поподложни на депресиja од машките колеги, покажа истражувањето на американските социолози.

Истражувачите истражувањето го спровеле на 1.500 средновечни жени од Висконсин и нивните работни искуства ги споредиле со искуствата на 1.300 мажи на иста возраст и од иста држава.

Истражувањето покажало дека жените кои имаат овластувања да вработуваат, отпуштаат или да ја одредуваат платата покажуваат повеќе симптоми на депресија од оние кои се на „пониските“ позиции.

„Спротивно на тоа, мажите со поголеми овластувања имале помали симптоми на депресија од мажите без такви можности“, изјавил авторот на истражувањето, професорката по социологија на Универзитетот во Тексас, Татјана Пудровска.

Разликата можеби може да се објасни со тоа што жените кои имаат моќ негативно се оценуваат во општеството кога делуваат одлучно и самоуверено, што кај нив предизвикува хроничен стрес, вели таа.

Мажите не мораат да се борат со негативните стереотипи, резервирани за жените, додаде таа.

Иако можеби се пообразовани, подобро се платени и имаат попрестижни занимања, како и поголемо ниво на задоволство во работата и автономијата, нивната ментална состојба е полоша отколку кај жените на пониските позиции, изјави Пудровска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП