26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрофитот на ЕЦБ во 2018-та е зголемен благодарение на портфолиото со обврзници

Профитот на ЕЦБ во 2018-та е зголемен благодарение на портфолиото со обврзници

Профитот на Европската централна банка (ЕЦБ) порасна во 2018-та година благодарение на поголемите приходи од обврзници стекнати како дел од напорите на финансиска институција да ја стимулира инфлацијата и портфолиото во долари.

Нето добивката расте до 1,6 милијарди евра од 1,3 милијарди евра во претходната година, соопштија од банката со седиште во Франкфурт, цитирана од „Bloomberg“. Големата програма за купување на средства донела вкупно 820 милиони евра, а таксите за надзор на кредиторите изнесува 518 милиони евра.

ЕЦБ има купено обврзници од 2,6 илјади милијарди евра пред да ја прекине својата програма за купување во минатата година. Банката вети дека ќе ги задржи каматните стапки на своите сегашни рекордно ниски нивоа најмалку до крајот на летото. Но, во контекст на рецесијата во Италија и стагнацијата на германската економија, аналитичарите предвидуваат дека зголемувањето нема да се случи пред 2020-та година.

Во 2018-та година каматните приходи од грчките државни обврзници купени во рамките на програмата за пазарите на хартии од вредност (Securities Markets Programme) се намалиле до 127 милиони евра. Номиналната вредност на целото портфолио на програмата изнесува 74,3 милијарди евра, а просечниот достасување е 1,7 години.

Што се однесува до трошоците, оние за персонал и административни потреби се намалени до 515 милиони евра.

Во средата главниот економист на ЕЦБ, Петер Прат вели дека нејзиното раководство наскоро ќе разговара за нови, неколкугодишни заеми за банките.

Ситуацијата за банките, особено во Италија и Шпанија, станува сè потешка, бидејќи целните датуми за „TLTRO“ за операциите за рефинансирање од 739 милијарди евра (TLTRO) се приближуваат во 2020-21.

Коментарите на Питер Прат покажуваат дека за новиот круг на „TLTRO“ ќе се разговара на следниот состанок на ЕЦБ на 7-ми март. Сепак, одлуката, најчесто за условите на кредитите, веројатно ќе треба да чека.

„Дискусијата ќе се случи многу брзо во одборот“, рече Прат на конференцијата во Франкфурт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП