29 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајпопуларните електрични возила во светот

Најпопуларните електрични возила во светот

Лидер е „Nissan Leaf“, но третото место ќе ве изненади.

Центарот за истражување на соларната енергија и водородот во Баден-Виртемберг ги објави најпопуларните електрични во светот. На прво место е „Nissan Leaf“, од кој во 2018-та година се продадени над 360.000 единици во целиот свет.

На втората позиција во минатата година се рангираше „Tesla Model S“ со повеќе од 240.000 продадени возила, а на третото место се наоѓа кинеската компанија „BAIC“. Нејзината електрична палета „EC-Series“ ја претпочитаа повеќе од 170.00 купувачи, а сите тие се од Кина.

Топ 10 според продажбата на електрични автомобили:

Ако се земе предвид фактот дека „Tesla Model S“ е автомобил од премиум-сегментот, чија просечна цена е 2,5 пати повисока од онаа на „Nissan Leaf“, може да се претпостави дека тоа е и електромобилот кој носи најголеми добивки на неговиот производител.

Според експерти, промената на врвот може да настапи не порано од 2020-та година, кога „Tesla“ ќе ги достигне планираните количини на производство на возилото со пониска цена, „Model 3“. Ова во голема мера ќе зависи и од темпото на раст на „Nissan Leaf“, модел кој ја зголемува продажбата за околу 80.000 единици годишно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП