26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

Fitch ја заплаши Британија со намалување на рејтингот

Рејтинг агенцијата „Fitch“ ја заплаши Британија со пад на нејзиниот кредитен рејтинг во случајот на „hard Brexit“. Излезот од ЕУ без договор може сериозно да влијае на економските и трговските изгледи на земјата, јави американската рејтинг агенција.

Во изненадувачки потег надвор од вообичаениот нејзин рејтинг календар, „Fitch“ даде оценка за „AA“ под надзор и изјави дека ако нема резултат за договор или нови односи со ЕУ, што ќе ја „поткопаат“ економијата, може да го намали рејтингот, пренесува „Bloomberg“.

Велика Британија треба да го напушти блокот – со или без договор на 29-ти март, а „Fitch“ посочи дека ќе се обиде да донесе одлука за рејтингот во првата половина од оваа година.

Помалку од шест недели пред „Brexit“ се зголемува загриженоста за Британија дека ќе ја напушту ЕУ без договор. Британската Комора на општините го отфрли договорот за излез, договорен со ЕУ во средината на јануари, и побара правно обврзувачки подобрувања на договорот. Сепак, тоа беше одбиено од страна на ЕУ. Без договор на крајот на март, „hard Brexit“ се заканува да има долгорочни негативни последици за граѓаните и економијата.

„Fitch“ сега објаснува дека е тешко да се предвиди влијанието на „Brexit“ без договор за британскиот економски раст. Сепак може да се направи споредба со рецесијата во почетокот на 90-тите години, кога британскиот бруто домашен производ се намали со два проценти во текот на шест квартали.

„„Brexit“ без договор ќе доведе до значителни катаклизми за економските и трговските перспективи на Велика Британија, барем во блиска иднина“, појаснува агенцијата. Во соопштението се наведува „зголемената несигурност“, а „Fitch“ додава дека избегнувањето на „hard Brexit“ може да се отстрани со ризикот од намалување на рејтингот.

„Fitch“ изјави дека можноста за основните преговори за договорот се ограничени и дека за да биде одобрен договорот од Велика Британија пред крајниот рок од 29-та март, владата ќе мора значително да ја прошири својата поддршка.

Агенцијата за рангирање потсетува дека се уште е можно да се повлече член 50, но ќе биде потребна согласност од земјите-членки на ЕУ.

„Макроекономските перспективи се многу чувствителни кон развојот на „Brexit“ во следните неколку недели“, велат од „Fitch“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП