19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

Сугарески побара турски инвестиции за инфраструктурните проекти во Северна Македонија

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оствари работна средба со претставници на Македонско-турската стопанска комора (МАТТО).

Како што информираат од надлежното министерство, во рамките на средбата се разговарало за инфраструктурните проекти во Република Северна Македонија и можноста за учество на турските стопанственици и инвеститори во нивна реализација.

Сугарески пред присутните ја образложил инвестициската програма на Владата за реализација на проекти во патната, железничката и комуналната инфраструктура и ги повикал стопанствениците да земат активно учество во изградба на капиталните објекти во земјата.

Тој го потенцирал планот на Владата и Министерството за транспорт и врски за изградба и реконструкција на преку 700 километри патна мрежа, како и изгрaдба на железничкиот коридор 8 кон Република Бугарија.

„Турската стопанска заедница во Република Северна Македонија е важен фактор во развој на економијата и тука гледаме заеднички интереси. Разговаравме за сите инфраструктурни проекти, за новата реформа во законите што ја регулираат градежната дејност и ги повикав сите заинтересирани да се вклучат во нивната реализација”, истакна министерот по средбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП