26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСалвини ја отфрли можноста за корегирање на буџетот

Салвини ја отфрли можноста за корегирање на буџетот

Италијанскиот вицепремиер Матео Салвини ја отфрли можноста за промени во тековниот буџет на земјата.

„Категорично ја исклучувам таа можност“, изјави тој во интервју за весникот „Il Messaggero“, цитиран од „Ројтерс“.

Неговиот коментар беше даден во позадина на податоците за рецесија во Италија и по бројните критики за основниот финансиски закон на земјата, кој според многумина нема да успее да ги исполни поставените цели.

Спротивно на зборовите на вицепремиерот во понеделникот началникот на италијанскиот министерски совет Џанкарло Георгета изјави дека Владата ќе направи проценка во следните месеци дали е потребно прилагодување, бидејќи економско забавување во земјата ги изложува на ризик буџетските проекции на Рим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП