4 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКако да се истакнете на состанокот

Како да се истакнете на состанокот

sostanok1

Дури и некој кој е природно повлечен, преку стратегијата на Венди Гелберг, автор на бројни изданија на оваа тема, многу лесно може да се истакне на некој важен состанок.

За да се истакнете на состанок во само неколку чекори, потребно е следново да го направите:

Поставете цели

Отворете ја агендата, погледнете кога е состанокот и размислете што сакате да постигнете на него. Доколку досега сте молчеле, предизвикајте се себеси да учествувате барем со една идеја, коментар или сугестија.

Зборувајте кога и да имате можност

Ако состанокот е премногу застрашувачки и повторно не сте кажале ниту збор, побарајте го шефот после состанокот и замолете го да издвои некоја минута за вас. Немојте да се плашите, напротив, треба да ви биде полесно, со оглед на тоа дека сте во помалку напната состојба.

Промовирајте се

Не мешајте ги фалењето и самопромовирањето. Истакнете ги пред шефот сите позитивни резултати кои сте ги постигнале во разни проекти. Неодамнешната студија покажала дека, луѓето кои ја имаат ова особина побрзо напредуваат до лидерските позиции.

Фаќајте забелешки

Водете евиденција на својот успех. Кога ќе дојде време за унапредување, ќе ги имате писмено сите причини и аргументи зошто сте го заслужиле тоа унапредување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП