29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВладата ќе го разгледува барањето за дислокација на казината и обложувалниците

Владата ќе го разгледува барањето за дислокација на казината и обложувалниците

Со внимание ќе ги прифатиме и анализираме укажувањата за влијанието на објектите за игри на среќа на младите, велат претседателот на Владата, Зоран Заев, и министерот за финансии, Драган Тевдовски, по средбата со делегацијата на движењето „Антикоцкање“ од Тетово.

Како што соопшти владината прес-служба, претставниците на движењето „Антикоцкање“ доставиле барања според кои обложувалниците и казината треба да бидат дислоцирани од непосредната близина на образовните институции и станбените живеалишта, како и да се обезбеди начин со кој дел од приходите на објектите за игри на среќа би се намениле за поддршка на програмите на локалните заедници во кои стопанисуваат компаниите што организираат игри на среќа.

Премиерот Заев и министерот Тевдовски во рамки на средбата нагласиле дека Владата со внимание ги следи дебатите на оваа тема и дека надлежните институции темелно ќе ги анализираат аргументите на движењето „Антикоцкање“, особено заради фактот што грижата произлегува од барањата на движењето се однесува на децата и младите, велат од Владата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП