29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИTencent нема да ги намали своите инвестиции во оваа година

Tencent нема да ги намали своите инвестиции во оваа година

Кинескиот гигант „Tencent Holdings“ нема да намали инвестициите во оваа година, откако инвестираше во „ИПО“-то на 16 компании во 2018-та година. Ова го откри претседателот на „Tencent“, Мартин Луо за време на конференцијата на затворени врати во Пекинг, пишува „CNBC“.

Луо тврди дека 2018-та година била најдобра за компанијата од гледна точка на инвестициите, покажува препис на говорот, која тој го има направено минатиот месец, но сега е разгледан од „Ројтерс“.

„Tencent“ инвестира во повеќе од 700 компании во последните 11 години, коментира Луо. 63 од нив се котирани на берзата. 122 пак се проценети на повеќе од 1 милијарда долари, покажува уште документот.

Акциите на „Tencent“ се намалија за 23% во 2018-та година.

Вестите за инвестициите се добри во позадина на забавувањето на растот на кинеската економија и на фактот дека Пекинг и Вашингтон се уште преговараат за трговскиот спор, а тоа влијае на организации, како „Tencent“ кои имаат меѓународни операции и инвестираат не само во кинески, туку и во странски компании.

„Tencent“, која се развива и игри, се соочи со сериозни проблеми на внатрешениот пазар во минатата година, откако Пекинг престана да издава лиценци за издавање на нови игри. Издавањето лиценци беше обновено на крајот на јануари, со што можеа да здивнат играчите од гејмерската индустријата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП