20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБектеши: Законот за енергетска ефикасност нуди решенија за намалување на потрошувачката на...

Бектеши: Законот за енергетска ефикасност нуди решенија за намалување на потрошувачката на енергија

Пред претставници на Македонската енергетска асоцијација, енергетските претпријатија, коморите, како и консултантскиот тим на ЕБРД денеска министерот за економија, Крешник Бектеши, ја отвори јавната расправа за нацрт-законот за енергетска ефикасност, закон со европско знаменце, во кој се транспонираат Директивата за енергетска ефикасност, Директивата за енергетски карактеристики на зградите и Регулативата за утврдувањеа рамка за означување на потрошувачката на енергија, со што се заокружува процесот на транспонирање на Директивите од областа на енергетската ефикасност кои се во опфатот на Договорот за основање на енергетската заедница.

„Овој нацрт-закон, кој беше објавен на ЕНЕР уште во декември 2018 година и за кој се пристигнати мислења од повеќе чинители, нуди повеќе решенија за намалување на потрошувачката на енергија, што истовремено ќе придонесе и за заштита на животната средина, и тоа: кај зградите во јавниот, комерцијалниот и во приватниот сектор, во индустрискиот сектор, како и при преносот и дистрибуцијата на електрична енергија. За државните институции законското решение ќе наметне обврска за реконструирање на најмалку 1 % од вкупната површината на зградите на годишно ниво, кои ги користат и се во сопственост на органите на централната власт, со цел намалување на потрошувачката на енергија и остварување заштеди во јавниот сектор, а општините, исто така, ќе можат да развиваат проекти за енергетска ефикасност“, рече Бектеши, додавајќи дека за граѓаните овој закон ќе го отвори пазарот на сертификати за енергетски карактеристики на становите, а и можност да ги препознаат производите на пазарот според нивната етикета на која е означена потрошувачката на енергија.

Истовремено, како што рече, овој закон ќе поттикне создавање на ЕСКО-компании и кај нас, кои треба да финансираат енергетски ефикасни проекти, додека операторите на системите за пренос и дистрибуција на електрична енергија, природен гас и топлинска енергија сами ќе можат да развиваат проекти за енергетска ефикасност.

Министерството во наредниот период треба да донесе повеќе подзаконски акти, за успешна имплементација на законот, како и да ѝ предложи на Владата: Стратегија за реконструкција на згради до 2030 година и Акциони планови за енергетска ефикасност, кои треба да бидат тригодишни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП