6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСТО: Растот на светската трговија ќе продолжи да слабее и во 2019-та

СТО: Растот на светската трговија ќе продолжи да слабее и во 2019-та

Растот на глобалната трговија ќе продолжи да слабее и во првиот квартал од 2019-та година, соопштија од Светската трговска организација (СТО).

Во септември од „СТО“ посочија дека очекуваат растот на трговијата на глобално ниво да се забави до 3,7% во оваа година, намалување од 3,9% во 2018-та година, соопштува „Bloomberg“.

„Овие пресметки можат да бидат разгледани во надолна линија, ако трговските услови продолжат да се влошуваат“, посочуваат од организацијата во последниот предвиден извештајот објавен во вторникот. „Истовремено намалување на неколку индикатори поврзани со трговијата треба да послужат за изготвување на политиките, како предупредување за значително забавување, ако овие трговски тензии остануваат нерешени“, се вели уште во текстот.

Очекуваниот индикатор на „СТО“, кој обединува во себе седум фактори – трговски обем во претходниот квартал, договорите за извоз, меѓународниот воздушен превоз, премини во товарни пристаништа, производство и продажба на автомобили, електронски компоненти и земјоделски суровини, се забавува до 96,3 поени, што е најмало читање од март 2010-та година. Вредности под 100 се знак на раст под трендот, објави „Ројтерс“.

„Таа запазена загуба на инерција фрла светло врз потребата да бидат намалени трговските тензии кои заедно со тековните политички ризици и финансиската нестабилност можат да предвестуваат поширок економски пад“, посочуваат од „СТО“.

Извештајот на трговската организација е објавен во позадина на тековните разговори меѓу САД и Кина кои оваа недела се одржуваат во Вашингтон, во обид да се реши трговскиот конфликт меѓу нив. Претходно од „СТО“ предупредија дека меѓународните трговски конфликти влијаат на довербата на бизнисот и одлуките за инвестиции.

Тензиите во меѓународната трговија може да достигне нов максимум следниот месец, ако Пекинг и Вашингтон не успеат да се договорат – чекор кој би имал негативни последици за светскиот трговски систем, предупредија од своја страна од Конференцијата на ОН за трговија и развој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП