27 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ќе заработи над 25 милијарди евра ако САД ги отстрани царините...

ЕУ ќе заработи над 25 милијарди евра ако САД ги отстрани царините за индустриски стоки

Европската унија (ЕУ) и САД би можеле да додаваат во економиите по над 25 милијарди евра (28,3 милијарди долари), ако одлучат да ги укинат царинските давачки за индустриските стоки според анализата на Европската комисија.

Извештајот, претставен од Европскиот парламент и земјите членки на ЕУ, е изготвен откако претседателот на САД Доналд Трамп и претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер се заложија да работат за намалување на трансатлантските бариери во трговијата.

Во јануари Комисијата претстави предлог на земјите-членки за преговори за ограничените трговски договор меѓу ЕУ и САД, што може да ги укине оспорените царини кај автомобилите и да ги задржи без промена царините во земјоделството.

Целта е да се развие позитивна трговска агенда која ќе даде опипливи и видливи резултати за двете страни, соопшти Комисијата.

Ако се укинат царинските давачки за индустриските стоки, ЕУ може да го зголеми извозот кон САД со 8%, а американскиот извоз во Унијата да порасне за 9 отсто до 2033-та година, според анализата на Европската комисија.

Ова кореспондира со зголемување на извозот од 27 милијарди евра за ЕУ ​​и 26 милијарди евра за САД.

Анализата која се појави е во позадина на стравот дека Трамп може да ги подигне увозните царини за европските автомобили и покрај договорот од јули со Јункер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП