9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAdobe: Добивка подобра од очекуваната

Adobe: Добивка подобра од очекуваната

adobe1

„Adobe“ ги објави резултатите за своето работење во својот втор фискален кавртал, кој завршува на 31 мај.

Вкупниот приход на компанијата е намален за 11 проценти во однос на истиот период минатата година, од 1,12 на 1,01 милијарди долари, но приходите беа во соглесност sо најавите од компанијата и очекувањата на аналитичарите.

Добивката на компанијата истовремено изнесуваше 76,6 милиони долари, што е подобро од очекувањата на аналитичарите.

„Adobe“ во моментов е во фаза на префрлување на своето работење на модел кој се темели на претплата за софтвер, наместо на еднократното плаќање на лиценцата за неограничено користење на софтверот.

Поради тоа компанијата во моментов бележи пад на приходите, но на долгорочен план се осигуруваат значително постабилни приходи кои не зависат од циклусот на софтверските ажурирања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП