Тимовите од англиската Премиер лига за изминатата сезона платиле 77 милиони фунти на менаџерите. Тоа е за 6 милиони повеќе во споредба со претходната сезона, што покажува дека трошоците на клубовите се зголемуваат, и покрај воведувањето на правилата за финансиски ферплеј.
Апсолутен рекордер за најмногу платени агентски провизии е Манчестер Сити. „Граѓаните“ на менаџерите им дале 10.5 милиони фунти, но и покрај огромните потрошени средства тимот не успеа да ја одбрани титулата и да оствари подобар резултат во Лигата на шампионите..
По Сити на листата со најмногу трошоци за менаџерите се најде Ливерпул (8.6 милиони), а за овие услуги најевтино помина Саутемптон кој потроши само 646,101 фунти за агентски провизии.
Интересно е дека шампионот на Англија, Манчестер Јунајтед е далеку од врвот, затоа што тие платиле само 3.7 милиони на различни менаџери.