16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСветот треба да е на штрек поради поострото забавување на трговијата

Светот треба да е на штрек поради поострото забавување на трговијата

Четиримесечна прогнозен индикатор на Светската трговска организација (СТО) е намален до најниско ниво од пред девет години. Ова го соопшти денеска организацијата, истакнувајќи дека овој факт треба да ги стави политичарите ширум светот на штрек поради поострото забавување на глобалната трговија.

Индикаторот на „СТО“ е на ниво од 96.3 поени – најниско од месец март 2010-та година. Уште во ноември показателот падна под 100 поени (98.6), а „потонувањето“ под прагот од 100 поени бележи забавување во трговијата.

„Тоа континуираното губење на инерцијата ја нагласува итната потреба за намалување на трговските спорови кои, заедно со тековните политички ризици и финансиска нестабилност, може да го најават поголемиот економски пад“, гласи во дел од соопштението на организацијата.

Уште минатиот септември „СТО“ направи прогноза дека растот на светската трговија ќе забави од 3,9% во 2018-та година до 3,7% во 2019-та година, но сега организацијата претпоставува дека одложувањето може да е поостро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП