2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНема на море без 1.000 евра

Нема на море без 1.000 евра

Летување за тричлено или четиричлено семејство е голема ставка во вашиот домашен буџет. Грција и Турција се фаворити оваа сезона.

Кога ќе се собере транспорт, сместување, храна и патарини, десетдневен одмор за четиричлено семејство во Грција во текот на сезоната, тешко дека може да чини помалку од 1.000 евра. Во Грција, апартман за десет дена, за едно четиричлено семејство може да чини од 450 евра па нагоре во текот на сезоната. Слична е цената и во Црна Гора, а малку поевтино во Бугарија.

Границата која ја дели сезоната со пред-сезона и пост-сезона се помери, па може да се каже дека сезона е во полн замав од 20 јуни и трае до 10-ти септември, а топ-сезона е од 15-ти јули до 15-ти август.

Четворочлено семејство во предсезона (средината на мај) за сместување во апартман и автобускиот превоз до Ситонија треба да одвои најмалку 250 евра за десет дена, без такса за престој и трошоци за осигурување. Слично е на популарниот остров Евија, каде на почетокот на јуни, семејството може да биде сместено во апартман за најмалку од 280 евра за десет ноќи во поширокиот центар на одморалиштето Пефки со вклучен автобуски превоз.

Истите апартмани во топ – сезоната, од крајот на јули, чинат речиси три пати повеќе. Така, за Евија неопходно е да се одвои од 700 до 750 евра само за десет ноќевања со автобуски превоз, додека за Ситонија најмалку 650 евра за десет ноќи во апартманско сместување за четиричлено семејство.

Хотелското сместување на Халкидики, базирано на принципот на полупансион, може да се закупи за околу во просек 700 евра за четиричлено семејство со сопствен превоз во хотел со три ѕвездички во втората половина на јуни. Во оваа варијанта, првото дете на возраст до 12 години во повеќето случаи не плаќа за сместување, додека додатокот за другото дете до 12 години е половина од износот за возрасни.

Хотелите во Турција се се повеќе примамливи поради “All inclusive” понудите и можноста за потполно бесплатно сместување за две деца под 12-годишна возраст. Во овие ресорти, покрај аквапаркови и целодневни бесплатни закуски, сладоледи и пијалаци за деца, на родителите најмногу им се допаѓаат програмите и аниматорите кои се грижат за децата во текот на денот. Таквите аранжмани доаѓаат со авионски чартер летови, и освен аеродромските такси кои се околу 50 евра, сè друго е вклучено во цената.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП