28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот бизнис планира највисок раст на платите од 2012-та

Британскиот бизнис планира највисок раст на платите од 2012-та

Британскиот бизнис планира да воведе најголемо зголемување на основната плата во последните седум години. Ова е јасно од студијата на „Chartered Institute of Personnel and Development“ (CIPD). Според податоците причина за растот е најтешкото наоѓање на кадри од една страна и потребата платите да се конкурентни, соопштува „Ројтерс“.

„CIPD“ наведува дека работодавачите од приватниот сектор планираат да ја зголемат основната плата оваа година во просек од 2,5%. Ова е најголем раст од почетокот на истражувањето во 2012-та година.

Британскиот пазар на труд се покажа отпорен на потресите околу „Brexit“, а невработеноста во земјата е на најниско ниво од средината на 70-тите години и покрај слабеењето на економскиот раст во 2018-та година до најниско ниво од 2012-та година.

Официјалните податоци за платите во земјата, кои треба да бидат објавени во четврток, се очекува да покажат дека платите во Велика Британија се зголемиле со брзо темпо од 2008-ма година, достигнувајќи 3,5% на годишна основа во четвртиот квартал од 2018-та според студијата на „Ројтерс“.

Инфлацијата е главната причина наведена од фирмите во анкетата на „CIPD“ за очекувано зголемување на платите со над 2%. Другите водечки причини за зголемувањето се исто така проблемите со вработувањето и задржувањето на персоналот, како и зголемувањето на платите кај конкуренцијата.

И покрај растот, сепак растот на платите останува слаб на долг рок, а платите се уште се пониски во реални услови од оние во пресрет на финансиската криза пред повеќе од една деценија.

Според „CIPD“, причината е ограничување на продуктивноста. „Продуктивноста е 22% пониска отколку ако продолжи трендот пред финансиската криза. Како резултат на тоа, растот на платите ужасно заостанува“, вели економистот на „CIPD“, Џон Бојс.

Сепак, работниците во јавниот сектор нема да видат толку брзо зголемување на платите. Од „CIPD“ посочуваат дека очекувањата се растот на платите таму да забави до 1,1% во оваа година, откако достигна 2% во претходната.

Како резултат на тоа, просечната прогноза на растот на платите за британската економија останува непроменета на 2%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП