9 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАОд септември ќе има интернет и во авионите

Од септември ќе има интернет и во авионите

letanjeinternet

Иако употребата на електроника во авионите е строго забрането, за голем број на корисници кои често патуваат постојаното исклучување на уредите за време на летот очигледно е проблем. Голем дел од нив имаат желба да ги користат т.н. „радио“ услуги дури и додека се во лет, а тоа е апсолутно забрането.

Работите сепак се на пат да се менуваат, барем во САД, бидејќи тим од 28 експерти од Федералната воздухопловна администрација е подготвена за промени во правилата. Според еден од најважните фактори во современата авијација, правилата донесени во 1966-та се очекува наскоро да се променат.

Според „WSJ“ во скоро време ќе можеме да ги користиме електронските уреди во авионите, а веќе се работи напорно и за воведување на безжични комуникации во авионите, па така се очекува наскоро патниците да имаат пристап до интренет, па дури и да остваруваат телефонски разговори.

Очекувањата се до крајот на септември да се донесе нов режим за забрана на употребата на електронски уреди за време на летот. Па така авио-компаниите на патниците ќе им овозможат интернет конекција, VoIP разговори и слични услуги, како за време на летот, така и за време на полетувањето и слетувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП