18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од половина од гасоводот „Северен поток 2“ веќе е изграден

Повеќе од половина од гасоводот „Северен поток 2“ веќе е изграден

Компанијата оператор на проектот за гасоводот „Северен поток 2“, „Nord Stream 2“ изградила околу 700 километри од проектот од 1.224 километри, соопшти рускиот министер за енергетика Александар Новак, цитиран од ТАСС, која се повикува на соопштение на енергетскиот завод.

Министерот го кажал тоа по телефонскиот разговор со својот германски колега Петер Алтмајер, а исто така истакнал дека проектот напредува според планираното.

Двајцата министри разговарале и за последните измени во Гасната директива на ЕУ и текот на изградбата на „Северен поток 2“, како и резултатите од трилатералните состаноци Русија-ЕУ-Украина во Брисел на 21-ви јануари за идниот транзит на гас преку Украина.

Според експерти руската гасна компанија „Газпром“ ќе добие можност да го користи „Северен поток 2“ во целост, бидејќи амандманите на Гасната директива на ЕУ едвај ќе влијаат на пренесувањето на гас по него.

Претходно шефот на гасниот гигант Алексеј Милер посочи дека исполнувањето на проектот по изградбата на „Северен поток 2“ ќе овозможи евентуално испораките на гас за него да почнат од 1-ви јануари 2020-та година.

Проектот „Северен поток 2“ предвидува да се изградат две линии од гасоводот со вкупен волумен од 55 милијарди кубни метри годишно од крајбрежјето на Русија во Балтичкото Море до Германија. Објектот ќе ги заобиколи транзитните земји Украина, Белорусија, Полска и другите источноевропски и балтички земји во ексклузивните економски зони и територијални води на пет држави – Русија, Финска, Шведска, Данска и Германија.

Вкупните трошоци на проектот се проценуваат на 9,5 милијарди евра. Единствен акционер во операторот на проектот „Nord Stream 2“ е рускиот гасен холдинг „Газпром“. Партнери во него се француската „Engie“, австриската „OMV“, англиско-холандската „Shell“, германските „Uniper“ и „Wintershall“, кои ќе обезбедат 50 проценти од финансиите.

Критичарите тврдат дека со „Северен поток 2“ ќе се зголеми зависноста на Европа од Русија. Заштитници на гасоводот сепак ја нагласуваат потребата од сигурни енергетски резерви во позадина на намалениот принос на гас во ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП