20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ веднаш ќе реагира доколку САД воведат тарифи за увозот на автомобили

ЕУ веднаш ќе реагира доколку САД воведат тарифи за увозот на автомобили

Европската Унија сака да ги подобри економските односи со САД, но ќе има брз и соодветен одговор доколку претседателот на САД, Доналд Трамп, реши да воведе тарифи за увоз на автомобили од ЕУ, изјави Европската комисија.

„Европската Унија ќе се држи до својот збор сè додека САД го прават тоа“, изјави портпаролот на Комисијата, Маргаритис Шинас, на прес-конференција.

„Европската комисија е свесна за заклучокот од страна на истрагата на департманот за трговија на САД за тоа дали увозот на автомобилите претставува закана за националната безбедност на САД. Доколку овој извештај се претвори во санкции што ќе предизвикаат штета на европскиот извоз, Европската комисија ќе реагира веднаш и адекватно“, изјави тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП