2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија: Економијата против штедењето

Португалија: Економијата против штедењето

portugalija4

Португалските бизнис лидери остро ги критикуваа мерките за штедење кои се наметнати во замена за меѓународната финансиска помош.

Стопанствениците наведуваат дека мерките не биле корисни и дека владата во Лисабон треба да ја промени политиката со цел да ја спаси земјата од рецесија.

„Планот за штедење за Португалија беше краткорочно решение, прифатено како единствениот можен одговор, но денес, со оглед на резултатите од тој план јасно е дека би било потполно неодговорно да се брани или да се форсира ваквото штедење“, наведуваат стопанствениците, додавајќи дека е неопходно да се промени правецот на движење и да се превземат нови мерки за спас на земјата од рецесија.

Португалија се бори да спроведе радикални буџетски и економски реформи на кои се согласи во замена за 78 милијарди евра помош која и беше одобрена во 2011 година. Меѓутоа, програмата за помош ја турна таа земја во рецесија, а стапката на невработеност ги надмина очекувањата на владата, како и на ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

„Политиката на пополнување на буџетот и понатака се фокусира на намалување на домашната побарувачка, лудиот раст на даноците и отсуството на финансиите на малите и средни претпријатија“, наведуваат стопанствениците, повикувајќи на ревизија на директивата за оданочување на профитот на компанијата.

Меѓународните кредитори денес го започнаа техничкиот преглед за напредокот на Лисабон во спроведувањето на реформите, а редовниот квартален преглед е закажан за 15 јули.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП