24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSoftBank инвестира во нов фонд за поддршка на европски стартапи

SoftBank инвестира во нов фонд за поддршка на европски стартапи

Јапонската „SoftBank Group“ обезбедила речиси половина средства за новиот фонд во вредност од 400 милиони долари на државната компанија од Абу Даби – „Mubadala Investment“. Фондот има за цел да ги поддржи европските стартапи.

„Mubadala“ која е голем инвеститор во „Vision Fund“ на „SoftBank“, ќе користи средствата за да инвестира помеѓу 5 милиони и 30 милиони долари во европски стартап компании, велат извори кои се запознаени со прашањето.

Минатата недела директор на „Mubadala“ изјави дека компанијата планира оваа година да лансира фокусиран на технологијата европски фонд во вредност од 400 милиони долари.

Европскиот фонд за ризични инвестиции кој веќе направи неколку официјално ненајавени инвестиции, ќе биде управуван од нова канцеларија со седиште во Лондон.

Од „SoftBank“ не беа достапни за коментар по ова прашање, а од „Mubadala“ исто така не сакаа да дадат коментар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП