20 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНе правете го ова за да се истакнете на работното место

Не правете го ова за да се истакнете на работното место

Секогаш се истакнува дека во деловниот живот треба да знаете како да се истакнете. И во тоа нема ништо лошо – освен ако тоа не го правите на потполно погрешен начин. Дознајте во што грешите…

Непрекинато фалење

Апсолутно би требало да кренете рака, ако имате нешто паметно и корисно да кажете или додадете. Но, не морате постојано да се докажувате во секој разговор со шефот и колегите. Со тек на време тие ќе станат лути на вас, а не импресионирани. Всушност, постојат подобри начини на кои можете да се докажете и пофалите, а тоа се конкретните примери.

Непримерна облека

Да, мислиме, на прекратка и провокативна облека, на која местото и е во ноќните клубови, а не во канцелариското опкружување.

Уфрлување во разговори

Замислете ја сцената: седите во канцеларијата, а покрај вас разговараат двајца колеги. Дури и ако е нешто поврзано за нивниот приватен или деловен живот, а вие сте сигурни дека го знаете решението на нивните проблеми, не се осмелувајте да се уфрлите во разговорот доколку не сте повикани за мислење. Сигурни сме дека таа постапка ќе биде сфатена како многу непристојна и иритирачка.

Паничарење

Ако работите ги решавате секогаш во последен миг, ќе мора подобро да се организирате. Можеби на почетокот тоа ќе ви биде потешко, но со тек на време ќе се навикнете. Само немојте постојано да се жалите и паничите дека нешто нема да стигнете да го завршите или да викате на колегите. Освен ако од некоја причина намерно сакате да ве следи лош глас.

Доцнење

Иако можеби мислите дека тоа никој не го приметува или дека колегите нема да ве издадат, ве уверуваме – реалноста е сосема поинаква, па затоа поведете сметка за тоа кога пристигнувате на работа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП