21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД е најголемиот извозен пазар за Германија во 2018-та

САД е најголемиот извозен пазар за Германија во 2018-та

САД останува најголемиот индивидуален увозник на германски стоки во светот во 2018-та година, покажуваат податоците на германската статистичка служба.

Американските клиенти купиле минатата година германски стоки во вредност од 113,5 милијарди евра (128,4 милијарди долари), што е зголемување за 1,5 отсто на годишна основа.

Иако податоците да покажуваат силни економски врски меѓу двете земји, тие би можеле и да ја негуваат моменталната трговска војна. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди дека САД треба да извезуваат повеќе, отколку што увезуваат и ги дефинира како лоши партнери земјите кои продаваат на американскиот пазар премногу, без да купуваат повеќе во замена.

Германскиот автомобилски сектор е повеќе загрижен од извештаите дека Трамп има намера да воведе царини за увоз на европски автомобили врз основа за заштита на националната безбедност.

Од аспект на извозот и увозот, Кина е најголем трговски партнер во Германија. Стоките што беа разменети помеѓу двете земји се за вкупно 199,3 милијарди евра. Холандија е на второ место со стоковата размена од 189,4 милијарди евра, а САД е на трето со 178 милијарди евра.

Во странство, најбарани се германските тешки машини и тешките товарни возила.

Германија објави рекорден узвоз од 1,3 илјади милијарди евра во 2018-та година. Експертите, сепак, стравуваат дека индикаторот може да се намали, особено поради заканата од трговски војни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП